KONKURS "KORENI" 2010 - KUMANOVO
КОНКУРСМАРТОВСКИТЕ ЕСЕИ НА “КОРЕНИ”2010 г.
ПО ПЕТТИ ПАТ
Редакцијата на списанието “Корени” го распишува петтиот, веће традиционален конкурс посветен на есејот, а насловен како “Мартовски есси на “Корени” Токму поради тој петти пат, мал јубилеј би рекле, редакцијата одлучи овојпат темата на конкурсот на биде СЛОБОДЕН ИЗБОР. Авторите можат да изберат тема и со неа се претстават пред редакцијата, односно Комисијата која ће ги оценува и валоризира пријавените трудови.
ЕСЕЈ НА СЛОБОДНА ТЕМА
Широка лепеза и можност за опсервации, на одрердени теми, определба за разни жанрови, почит кон позитивните ликови,настани сопствен став за негативците, респект кон трудољубивите и неимарите, восхит кон творците, кон човекот,кон љубовта, слободата, книгата, човештвото и цивилизациите, мирот, соживотот, кон настаните кои не опкружуваат независно дали се бели или црни,за политиката како вештина , за чесноста, моралот ….
И оваа година, како што најавивме ВИНОТО ће го следи конкурсот и на некој начин ке биде постојана тема, која , се разбира влегува во конкуренцијата за награди.
Редакцијата на “Корени”, со своите пријатели и идната година ће награди со парични награди три есеи во категорија на возрасни и со признанија на три млади есеисти.
Годинешниов КОНКУРС се објавува нешто порано со оглед дека двобојот 31-32 е последен за оваа година. Конкурсот трае заклучно со 15 март 2010 година. Конкурсот е интернационален, со оглед дека преку списанието, кое се дистрибутира вон земјата, ће биде достепен на одредени простори на поранешната Југославија и Балканот.
Есеите да се доставуваат во електронска форма, на адреса: Редакција на “Корени”, ул Хр.Карпош бр.2 Куманово.
Првонаградените и дел од есеите ће бидат објавени во пролетното издание на “Корени”, а наградите ће бидат доделени на вечерта на есеи, насловена како ВЕЧЕР ОБОЕНАСОВИНО, која традиционално ће се одржи во мај 2010 година.





